петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мишел: Враќањето на мировниот процес на Блискиот Исток е единствениот пат напред

Мишел: Враќањето на мировниот процес на Блискиот Исток е единствениот пат напред

Враќањето на мировниот процес на Блискиот Исток е единствениот пат напред, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во писмо до шефовите на држави и влади на ЕУ пред нивниот дводневен состанок во Брисел оваа недела.

Тој ги опиша настаните на Блискиот Исток како трагедија, но инсистираше на тоа дека тие не треба да го одвлечат вниманието на ЕУ да продолжи да ја поддржува Украина.

„Очекувам уште еднаш што е можно покатегорично да ги осудиме терористичките напади на Хамас против Израел и да го признаеме правото на Израел на самоодбрана според меѓународното право, додава Мишел.

Според него, ЕУ ќе го повтори својот повик за итно и безусловно ослободување на сите заложници.

„Треба да разговараме како итно да обезбедиме хуманитарна помош; што да направиме во координација со партнерите за да избегнеме префрлање на конфликтот во регионот. Обновувањето на мировниот процес заснован на решение за две држави е единствениот пат напред“, вели Мишел.

„Ќе продолжиме со непоколебливата поддршка за Украина се додека е потребно“, додава претседателот на Европскиот совет.

Тој изразува очекување дека ќе се разговара за забрзување на обезбедувањето воена помош, како и за можностите за користење на рускиот имот запленет во ЕУ.

Според него, треба да се работи на широка меѓународна поддршка за да се постигне праведен и траен мир.

По повод преговорите за ревизија на буџетот на ЕУ до 2027 година, Мишел повикува да се идентификуваат најитните потреби, цели и да се одлучи како да се финансираат. Тој посочува дека на средбата ќе се разговара за работата околу воведувањето дигитално евро.

Претседателот на Европскиот совет забележува дека на дневен ред е предвидено да се разговара и за миграциските прашања, ситуацијата во Сахел, односите Приштина-Белград и настаните во Јужен Кавказ.