Илјадници Сиријци се сообраа денеска на митиниг во Дамаск за да им изразат поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад и на Армијата на Сирија, по саботните напади на САД, Велика Британија и Франција врз цели во земјата.
Митингот, што беше директно пренесуван на сириската државна телевизија, се одржа на исторскиот плоштад Омајад во центарот на Дамаск.
Учесниците на собирот, организран под мотото „Поздрав за успесите на сириската арапска армија“, носеа знамиња на Сирија и транспаренти со поддршка на Асад и Вооружените сили и извикуваа: „Алах, Сирија и само Башар“.
Собирот заврши со голем огномет, а за време на митингот дел од учесниците и пукаа во воздухот.