вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мјанмар ги доби првите два руски авиони ловци Су

Мјанмар ги доби првите два руски авиони ловци Су

Мјанмар ја доби првата испорака на два руски борбени авиони Су-30, објави министерот за индустрија Чарли Тан.

Русија и Мјанмар во септември минатата година потпишаа договор за набавка на шест авиони ловци Су-30СМЕ.

Според најголемата руска компанија за вооружување, Рособоронекспорт, повеќенаменскиот ловец Су-30СМЕ е дизајниран за уништување на непријателски воздушни цели, воздушно извидување, воздушна борба и обука на пилоти. (МИА)