сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мјанмар: После државниот удар, прекин на интернетот во целата земја

Мјанмар: После државниот удар, прекин на интернетот во целата земја
ФОТО: Ројтерс

Во речиси цел Мјанмар синоќа е прекинат интернетот, соопшти невладината организација НетБлокс, која го следи функционирањето на интернетот.

Прекинот почнал околу 1.00 часот по локално време, соопшти организацијата и додаде дека интернетот во Мјанмар работи 14 отсто од вообичаеното ниво.

Безбедносните сили на Мјанмар вчера пукаа во демонстрантите, додека војници се распоредуваа во Јангон и други градови, што предизвикува страв од сузбивање на протестите против неодамнешниот воен преврат во земјата.

Армијата на Мјанмар, која на 1 февруари ја презеде власта, ги смени владата и цивилната лидерка Аунг Сан Су Чи, воведе полициски час во неколку градови и забрани собирање на повеќе од пет лица.