Поголемиот дел од Австријците, односно 59 проценти од нив, сакаат да се врати обврската за носење заштитни маски,покажува истражувањето објавено од весникот „Естерајх“.
Од друга страна, 41 процент се против задолжителното носење маски.
Во Австрија, во моментов, задолжително е да се носи маска само во јавниот превоз.
Од анкета се гледа дека за задолжително носење маска се 63 отсто од испитаните жени и 56 проценти од анкетираните мажи.
Исто така, според анкетата, 64 отсто од граѓаните се за построги контроли и казни за непочитување на мерките. (МИА)