четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МНР на Австрија мета на кибер-напад

МНР на Австрија мета на кибер-напад

Австриското Министерство за надворешни работи повторно е мета на голем кибер-напад, се наведува во интерната електронска пошта на Министерството, објавена преку онлајн платформата „ЦакЦак“.

Во нападот биле опфатени и некои амбасади.

Министерството соопшти дека „штетниот софтвер“ сепак не успеал да ги развие своите активности.

– Почитувани колеги, во моментов Министерството за надворешни работи, како и некои други министерства, повторно се мета на кибер-напади, напиша генералниот секретар на Министерството, Петер Лаунски-Тифентал, во мејлот испратен до вработените.(МИА)