петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Модерниот Робинсон Крусо сакаат да го избркаат од островот на кој живее 30 години

Модерниот Робинсон Крусо сакаат да го избркаат од островот на кој живее 30 години

Еден Италијанец кој речиси 30 години живее сам на напуштен остров, недалеку од Сардинија, може да биде иселен во јануари.

Мауро Моранди (79) е неофицијален чувар и туристички водич на островот Будели, дел од архипелагот Ла Мадалена меѓу Сардинија и Корзика, познат по неговата розова плажа.

Поранешниот наставник по физичко образование, кого италијанските медиуми го нарекоа модерен Робинзон Крусо, дојде на островот во 1989 година со тројца пријатели и партнерката.

На почетокот Моранди и неговото друштво ја презеле работата на дотогашниот чувар на островот. Неговата партнерка и двајцата пријатели наскоро се вратиле дома, додека третиот пријател останал и починал во 1993 година.

Во 2014 година, островот Будели стана дел од Националниот парк Ла Мадалена и неговата управа објави дека ќе го урне она што Моранди го надградил на својот дом на островот.

„Во јануари ќе го замолиме да замине”, кажа Фабрицио Фонену, претседателот на управата на паркот.

„Ќе се обидеме да најдеме начин да соработуваме со него во иднина.“

На својата страница на Фејсбук, Моранди напиша дека не добил известување за иселување, и јасно кажа дека нема намера да се врати во родната Модена.