Дваесетгодишниот Ерон Хју, кој бил дел од екипажот на крузерот „Хармонија море“, мистериозно исчезнал време на Божиќ.
Од Американската крајбрежна стража велат дека Хју исчезнал набргу по испловувањето на крузерот од крајбрежјето на Порторико.
Компанијата „Ројал карибиен интернешнл“, потврдила дека Хју ја пропуштил изведбата што била закажана ноќта на Божиќ.
„Со жалење ве известуваме дека по претресот на бродот и прегледот на снимките од безбедносните камери можеме да утврдиме дека еден од членовите на екипажот со име Ерој Хју последен пат е виден на бродот во 4 часот во раните утрински часови“, велат од компанијата.
„Под водата е вистинска убавина. Секогаш гледајте под површината пред да ја донесете вистинската одлука“- гласела неговата последна објава.
Ден претходно, пак, Хју твитнал „Денес некого ќе убијам“.
„Ги известивме локалните власти. Нашите мисли се со семејството, пријателите и колегите, кои сега минува низ тежок период“, велат од компанијата.
По исчезнувањето на Хју, била поведена голема потрага, но засега без никаков успех. Хју почнал да работи крузерот по неговото дипломирање на Академијата за театарска уметност во Лондон. Од неговото поранешно училиште на социјалните мрежи изразиле надеж дека Ерон ќе биде пронајден и упатиле поддршка до неговото семејство.