Ивана Филиповиќ (22) се обидела да го заштити момчето монструм Ѓорѓе Лацковиќ, кој што е во притвор поради сомнение дека со мотика, нож и пегла ја претепал неговата девојка.
Ивана која беше брутално претепана од нејзиното момче во нивниот заеднички дом во Нови Сад првично не сакала да открие како се здобила со тешките и бројни телесни повреди и исекотини.
Како што пишуваат српксите медиуми, таа кога била примена во болница рекла дека се повредила додека паднала.
-Ивана со приватен автомобил беше донесена во болница со искршени ребра, искасапена по нозете и со изгореници од пегла по телото. Меѓутоа кога лекарите ја прашале како ги здобила повредите, таа оговорила дека се сопнала и паднала по скалите, тврдат извори блиски до истрагата.
Таа во болницата сите ги убедувала дека повредите се како причина од падот, но лекарите случајот го пријавиле во полиција. Полицијата веднаш пристигнала и и земала изјава на повредената:
-Девојката беше во шок, а во очите и се познаваше стравот. Како полициските службеници побарале да им објасни како се повредила, им кажа дека паднала по скалите. Говореше неповрзано и објаснуваше само дека паднала и дека станува збор за несреќен случај. Искусните полицајци ја оставиле да зборува и да раскажува кога само наеднаш ја запрашале кај ти е момчето, прашањето беше полн погодок, па почна да плаче и рекла: „не ме повреди мојот Ѓорѓе“, објаснува соговорник на Ало.рс.
Полициските службеници веднаш сватиле дека Ивана преживува тортура и се обидува да го заштити нејзиното момче.
-Тие отворено и кажаа дека знаат дека не е повредена од пад, туку очиглдно е дека е претепана и дека нема потреба да го штити напаѓачот. Ја предупредија дека тоа може и да се повтори и дека последиците можат да бидат уште полоши, раскажува соговорникот и додава дека тоа ја натерало жртвата да проговори.
Тогаш таа призна дека се скарала со момчето со кое живее веќе некое време.
-Открила дека кобниот ден започнале расправија со нејзиното момче бидејќи тој бил љубоморен. Раскажала дека во налет на бес тој започнал да ја удира и дека не реагирал на нејзините молби да престане. Ја тепал со раце, нозе, пегла, и се заканувал со нож а потоа излегол од станот. Тогаш повикала пријателка, која што ја донесе во болница, вели соговорникот на Ало.рс.