Коби Брајант, неговата ќерка Џиана, како и уште седум други лица загинаа во хеликоптерска несреќа на 26. јануари во Лос Анѓелес.
Смртта на НБА легедната ја потресе светската спортска јавност, а фотографии од несреќата ги полнеа насловните страни на многу медиуми.
Фактот што се работи за смрт на славна личност, дополнително го привлече вниманието. Медиумите сакаа фотографии од местото на несреќата и се обидуваа на сите начини да дојдат до нив.
Помош имале и кај еден полицаец кој ги прекршил правилата на фотографиите од местото на несреќата. Тој испратил на еден медиуми кој ги сподели на социјалните мрежи поради што против него е отворена истрага.
-Полицијата во Лос Анџелес длабоко жали поради ваквиот потег на наш член. Отворена е внатрешна истрага со приоритет за заштита на приватноста на жртвите и нивните семејства, стои во соопштението од полицијата.
Next time some sawed-off moron tells you that the police are “the good guys” and they go into their canned FoxNews talking points about how the police haven’t done anything to earn the public’s contempt, be sure to mention this:https://t.co/CfR2ABzTs1
— ProfessorBlackTruth (@ProfBlacktruth) February 28, 2020