петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Москва им забрани влез во Русија на воени функционери од ЕУ

Москва им забрани влез во Русија на воени функционери од ЕУ

Русија денеска соопшти дека вовела санкции за одреден број граѓани на Европската унија како одговор на „непријателската антируска политика на Западот“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека забранува влез на голем број европски воени функционери, високи офицери за безбедност, како и претставници на компании за продажба на оружје.

Меѓу санкционираните има вработени во компании кои ја снабдуваат Украина со оружје.

Министерството не ги наведе имињата на лицата на кои им е забранет влез во Русија.

Москва претходно воведе санкции за голем број западноевропски политичари. (МИА)