среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Москва: Одложени 49 авионски летови, а 16 се откажани поради снег

Москва: Одложени 49 авионски летови, а 16 се откажани поради снег

Околу 49 авионски летови се одложени, а 16 се откажани на московските аеродроми Внуково, Домодедово и Шереметјево поради снег.

Метеоролозите во текот на ноќта најавија снежни врнежи во регионот на Москва.

Се прогнозира дека температурите во рускиот главен град ќе достигнат до минус 12 степени Целзиусови.

МИА