Рускиот надзорен орган на медиумите Роскомнадзор се закани денеска дека ќе го ограничи пристапот до Јутјуб, откако платформата за споделување видеа го блокираше каналот на германски јазик на државната телевизија РТ.
Медиумскиот регулатор го обвини Јутјуб за цензура, нагласувајќи дека може да се издаде предупредување за кршење на правото на слобода на изразување.
– Законот предвидува мерки за целосно или делумно ограничување на пристапот“ доколку овие предупредувања се игнорираат, се наведува во соопштението на Роскомнадзор.