Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека на аеродромот Саки експлодирала авионска муниција.
– На 9 август околу 15 часот и 20 минути на територијата на аеродромот Саки во близина на населбата Новофјодоровка експлодирале повеќе парчиња авијациска муниција. Во експлозиите нема повредени, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Сè уште не е утврдена причината за експлозиите.
Соопштението уследи откако на социјалните мрежи беше објавено дека во близина на селото Новофедоривка одекнале неколку експлозии.
Според очевидците се слушнале најмалку 12 експлозии со различен интензитет.
Селото Новофедоривка е на околу 200 километри од бојното поле. Најверојатно експлозиите се резултат на напад на украинските сили, кои се опремија со оружје со значително поголем дострел од претходно.