четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мразот на Гренланд екстремно се топи, на светот му се закануваат големи поплави

Мразот на Гренланд екстремно се топи, на светот му се закануваат големи поплави

Приближно 3,5 илјади милијарди тони мраз стопен на Гренланд во изминатата деценија го подигна нивото на морето за еден сантиметар и ја зголеми заканата од поплави ширум светот, предупредува нова студија објавена во понеделникот.

Ледената покривка на најголемиот остров во светот содржи доволно замрзната вода за да го подигне нивото на океаните за шест метри, а фреквенцијата на екстремно топење во областа се зголемува во последните 40 години.

Иако Гренланд е едно од местата во светот кои климатолозите најмногу ги проучуваат, студијата објавена во понеделникот е прва што користи сателитски податоци за откривање на истенчувањето на ледената покривка.

Според списанието Nature Communications, во изминатите четири децении загубата поради топењето пораснала за 21 отсто.

Поплави во крајбрежните делови на светот

Според Европската вселенска агенција, ледената покривка изгубила 3,5 илјади милијарди тони мраз од 2011 година, со што се произведува доволно вода за да се подигне нивото на светските океани и да се држат крајбрежните заедници во состојба на висока готовност поради ризикот од поплави.

Третина од мразот стпен во последната деценија се случи во изминатите две топли лета – во 2012 и во 2019 година.

Сликите покажуваат значителни годишни варијации во топењето на мразот и во комбинација со температурните податоци покажаа дека топлотните ударии се сѐ поголема главна причина за губење на мразот – повеќе од зголемувањето на глобалните температури.

„Како што видовме во другите делови на светот, Гренланд е исклучително ранлив на растот на екстремните временски настани“, вели Томас Слејтер, водач на студијата во Центарот за поларна опсервација и моделирање на Универзитетот во Лидс.

„И како што се зголемува затоплувањето, треба да се очекува дека топењето на Гренланд ќе се случува почесто“, вели Слејтер.

Предвидувањето колку топењето на Гренланд ќе придонесе за зголемување на нивото на морето е тешко за научниците, кои исто така мора да го земат предвид зголеменото топење на другите глечери.

Како што океаните се загреваат и водата се шири, така се зголемува и нивото на морето.

Авторите на студијата објавена во понеделникот, рекоа дека сателитските податоци им овозможиле брзо и прецизно да проценат колку мраз на Гренланд се стопил во таа година и да го претворат во пораст на нивото на морето.

„Проценките на моделите сугерираат дека ледената покривка на Гренланд ќе придонесе меѓу 3 и 23 сантиметри на глобалното зголемување на нивото на морето до 2100 година“, вели коавторот на студијата Амбер Лисон од британскиот универзитет Ланкастер.

„Ова ќе ни овозможи подобро да го разбереме сложениот процес на топење на мразот… и ќе ни овозможи подобро да го процениме идното покачување на морското ниво“, рече таа.