недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

“МРТОВ“ ПИЈАН: Хрват возел со 4,28 промили алкохол во крвта

“МРТОВ“ ПИЈАН: Хрват возел со 4,28 промили алкохол во крвта

Полицијата во Хрватска на автопат запрела автомобил чиј возач возел под дејство на алкохол.

Овој маж (45) при контролата имал 4,28 промили алкохол во крвта.

Инцидентот се случил вчера во 12.15 часот на автопатот кај Новиград.

Возачот е исклучен од сообраќај и сместен во посебни простории на полицијата додека алкохолот не престане да делува, а ќе биде санкциониран согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот.