недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мун Џе-ун ќе му предаде писмо на Трамп од Ким Џонг-ун

Мун Џе-ун ќе му предаде писмо на Трамп од Ким Џонг-ун

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин по завршувањето на посетата на Северна Кореја изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му предал порака, која треба да му ја врачи на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ким пред Мун изразил надеж дека ќе се одржи нов самит меѓу него и Трамп. Првиот состанок меѓу нив беше на 12 јуни во Сингапур.

Севернокорејскиот лидер уште рекол дека сака брзо завршување на денуклеаризацијата. – Ким Џонг-ун рече дека сака брзо да стави крај на денуклеаризацијата и да се фокусира на економскиот развој, нагласи Мун.

– Ким изрази надеж дека американскиот државен секретар Мајк Помпео наскоро ќе ја посети Северна Кореја и дека во блиска иднина би можело да има нов самит на врвот со Трамп, за да може процесот на денуклеаризација побрзо да се придвижи напред, додаде Мун по пристигнувањето во Сеул.

Јужнокорејскиот претседател најави дека идната седмица ќе се сретне со Трамп и ќе му ја предаде пораката од Ким.

Мун истакна дека на средбата со Трамп ќе разговараат за целта, најавена од лидерите на двете Кореи за официјално завршување на Корејската војна до крајот на оваа година.

– Се надевам дека мировниот договор со Северна Кореја ќе биде потпишан во блиска иднина, изјави Мун.

Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година, правно се уште трае, бидејќи таа заврши со прекин на огнот, а не со мировен договор. (МИА)