Многу муслимани ширум светот денеска го слават Рамазан Бајрам, прв по укинувањето на ограничувањата наметнати поради Ковид-19 во голем број земји пред две години.
Рамазански Бајрам го означува крајот на Рамазан, светиот исламски месец на пост и молитва.
Саудиска Арабија, дом на најсветите места на исламот,денеска го објави почетокот на тридневниот Рамазан Бајрам. Многу други земји го направија истото. Мал број земји, како Авганистан, славеа вчера.
Почетокот и крајот на исламските месеци се одредуваат со појавата на младата месечина.
Во изминатите две години, муслиманите слават среде полициски час и мерки за социјално дистанцирање воведени за борба против пандемијата на коронавирусот.
Илјадници верници беа видени во Големата џамија во светиот град на Саудиска Арабија, Мека, на раните утрински молитви. Слични сцени се видени во и околу џамиите во други земји како Египет, Мароко и Јордан.