сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На 29 јануари британскиот Парламент ќе гласа за „планот Б“ за Брегзит

На 29 јануари британскиот Парламент ќе гласа за „планот Б“ за Брегзит

Прeтседателката на Долниот дом на британскиот Парламент, Андреа Лидсом денеска најави дека на 29 јануари би требало да се одржи дебата и гласање за „планот Б“ за Брегзит на премиерката Тереза Меј.

– Целодневната дебата за предлогот би се одржала во вторник на 29 јануари, доколку Долниот дом се согласи со тоа, изјави Лидсом.

Таа најави дека Меј в понеделник на Парламентот ќе му го достави „план Б“ за Брегзит, откако во вторникот пратениците во Долниот дом го одбија Договор за истапување на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата во Лондон и Брисел.

МИА