Сушата и поплавите во Јужен Судан ги уништија земјоделските култури и добитокот предизвикувајќи „интензивна политичка нестабилност“ и закана од глад за околу 5,5 милиони жители, соопшти денеска Светската програма за храна на Обединети нации (WFP).
Програмата предупредува дека итно се потребни 270 милиони американски долари за да се обезбеди храна да се спречи глад во првата половна на 2020 година во најмладата земја во светот, Јужен Судан.
– Директорот на светската програма за храна во Јужен Судан, Метју Холингворт истакна дека ако веднаш не се достави до погодените подрачја од поплавите тогаш жителите на Јужен Судан и во следната година ќе се соочат со глад.
Прогласена е вонредна состојба во неколку области по неколкумесечни поплави, се вели во соопштението на светската програма за храна.
Поради поплавите изгубени се 73.000 тони сирак(фуражно растение), просо и пченка како и илјадници глави говеда.
Според Холингворт стапката на акутна неухранетост кај деца помлади од пет години годинава изнесува 16 отсто, додека минатата година беше помала за три проценти.
Покрај гладтта жителите на Јужен Судан се соочуваат и со болести пред се колерата што се пренесува преку нечиста вода.
Јужен Судан, кој е богат со нафта, стекна независност од Судан во 2011 година по еднодецениската војна при што загинаа околу 400.000 луѓе, а милиони беа раселени. Во 2013 година во земјата изби граѓанска војна, а меѓу племенските борби се и понатаму присутни.