петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НА -50 СТЕПЕНИ: Конвој камиони заглавен во Сибир, им снемува храна и гориво

НА -50 СТЕПЕНИ: Конвој камиони заглавен во Сибир, им снемува храна и гориво

Група падобранци од спасувачка служба полетала денеска за да достави гориво на конвој од 12 камиони на истокот на Сибир.

Конвојот е заглавен во снег и голем мраз, возачите немаат телефонски сигнал, а им се снемува храна и гориво.

Камионите се наоѓаат на околу 30 километри од селото кон кое се упатиле.

Во оваа област измерените температури се до -50 степени Целзиусови.