сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На деца во училиште им пристигнале банани, а тоа што е најдено во нив ќе ве остави фрапирани: Надлежните веднаш реагирале

На деца во училиште им пристигнале банани, а тоа што е најдено во нив ќе ве остави фрапирани: Надлежните веднаш реагирале

Мала жаба била пронајдена скриена во куп банани наменети за ученици во британско училиште во округот Мерсисајд.

Жабата, според тврдењата, патувала незабележано повеќе од 10.000 километри во транспортот од Брегот на Слоновата Коска до Велика Британија.

Вработените во училиштето пронашле необично суштество меѓу банани во училиштето Хесвол кога сакале да ги споделат со учениците на часот. Случајот веднаш бил пријавен до надлежните органи, а водоземецот до завршување на истрагата бил задржан на влажно место.

– Никој не очекуваше дека во куп банани ќе најдеме мал зелен патник. Жабата дури патувала од Брегот на Слоновата Коска без никој да ја забележи. Ја подигна службеникот за заштита на животните и за неа се погрижија надлежните организации – изјави Ники Болтон, директорката на споменатото училиште.