По парламентарните избори одржани вчера, Германија ја чека долг пат до формирање нова влада, најверојатно од тричлена коалиција.
Големата коалиција, која повторно би се состоела од ЦДУ/ЦСУ и СПД, според анкетите, е влада поддржана од само осум проценти од Германците. Меѓутоа, поради кризата, се уште е можна таа варијанта, но ЦДУ постојано нагласува дека никогаш не сака да биде помал партнер на СПД.
По изборите и СПД и ЦДУ/ЦСУ најавија дека планираат да формираат влада.
Со оглед на тоа што СПД, според сегашните резултати, е победник на изборите, може да формира влада со Зелените и ФДП.
Таква коалиција „семафор“ е нешто што Зелените би го поддржале, но не е сигурно дали ФДП би влегла во таква влада. Имено, ФДП е партија која доби големи донации од индустријалци, а тоа би било во судир со Зелените, пред се.
Можна е и коалиција „Јамајка“, со која би се избегнал канцелар од редовите на СПД.
На последните парламентарни избори во 2017 година, таквата коалиција, која ја сочинувале ЦДУ/ЦСУ, Зелените и ФДП, пропаднала откако шефот на либералите се повлече од коалициските преговори.
По овие избори, ФДП сигнализираше подготвеност за таква соработка, и овојпат Зелените може да бидат одлучувачки фактор.
Во секој случај, Зелените и ФДП ќе играат важна улога, без која СПД и ЦДУ/ЦСУ нема да можат да формираат нова влада во Берлин.