среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На главата му ставија круна тешка над 7 килограми: Кој е овој човек? (ВИДЕО)

На главата му ставија круна тешка над 7 килограми: Кој е овој човек? (ВИДЕО)

Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн (66) беше крунисан вчера на свечена церемонија, што се одржа после две години откако тој го презеде престолот.

Круната му ја предаде хиндуистички свештеник кој ја предводеше будистичко- хиндуистичката церемонија.

Круната со дијаманти е стара повеќе од 200 години, висока е 66 сантиметри и тешка 7,3 килограми.

Новиот крал, познат и како Рама Десетти, веќе ја презеде кралската власт. Во првиот чин по крунисувањето, Маха Ваџиралонгкорн ја именува својата сопруга за кралица на земјата. Тој се ожени со неа два дена пред крунисувањето.

Кралицата претходно била заменик шеф на неговото обезбедување и поранешна стјуардеса која го запознала кралот на еден од летовите. Таа е четврта сопруга на Маха Ваџиралонгкорн.

Новиот крал го презеде тронот по смртта на неговиот татко во октомври 2016 година.

Вчерашната церемонија претставува повеќевековна кралска традиција, а последното крунисување беше пред седум децении.