четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На градилиште на луксузен хотел загина работник, 11 се повредени

На градилиште на луксузен хотел загина работник, 11 се повредени

На градилиште на луксузен хотел во центарот на Мадрид вчера загина работник, при уривање на скеле на кое работел, а најмалку 11 лица се повредени.

Според соопштението на брзата помош, железното скеле на шестиот кат на хотелот Риц паднало околу 16 часот, со себе уривајќи ја конструкцијата и работниците кои биле на неа пет ката пониско.

Повеќето работници се спасиле сами и набрзо примиле лекарска полом, а двајца се хоспитализирани и се во тешка состојба.

Пожарникарите извлекле три лица од под урнатините со повреди од среден степен, а се обидувале да го извлечат и телото на настраданиот работник.

Локалната полиција ја испитува причината за несреќата, која брзата помош на Твитер ја окарактеризира како „несреќа на работно место“.

Овој хотел е затворен поради реновирање во март годинава.