На крштевката на синот Арчи: Принцот Хари вака искажа посебна почит за својата покојна мајка Дајана (ФОТО)
watch_later
06. јули 2019. @
19:04 timelapse 5 мин.
Принцот Хари и Меган Маркл денес објавија две фотографии од крштевањето на малиот Арчи.
Крштевката на најмалиот член на британското кралско семејство се одржи подалеку од јавноста, така што деталите за церемонијата останаа во тајност.
Хари и Меган објавија две фотографии – една со семејство и една на која двајцата го држат малото момче на нивниот официјален профил на Instagram.
Британските медиуми и љубителите на кралското семејство на семејната фотографија веднаш забележаа две лица кои до сега не биле видени на кралски фотографии.
Со мајката на Меган, Чарлс, Камила, Кејт и Вилијам, беа присутни и двете сестри на покојната принцеза Дијана, Леjди Џејн Фелоуес и Лејди Сара МекКоргудал.
Хари се чини е многу близок со тетките, бидејќи прво нив ги информирал за раѓањето на синот Арчи и ги стави нивните имиња во официјалното соопштение за раѓањето.
За разлика од неговиот брат, Вилијам тетките Џејн и Сара не ги покани за фотографирање со семејството за било кое од неговите три деца, а имињата на сестрите на принцезата Дајана не беа споменати во официјалните соопштенија за раѓањето на Џорџ, Шарлот и Луис.