„На Нотр Дам му треба покрив, но и нам ни треба покрив“. Ова го извикуваа членови на Здружението на бездомниците од Франција, кои денеска се собраа на протест пред опожарената катедрала Нотр Дам во Париз, барајќи најсиромашните Французи да не бидат заборавени кога за реконстрикција на Богородичната црква беа собрани повеќе од милијарда евра во вид на донации.
Француските бездомници носеа и пароли со натпис „Милијарда за 24 часа“.
Париската полиција го надгледувала мирниот протест, но не интервенирала.