среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На покраинските избори во Штаерска победи партијата на Курц

На покраинските избори во Штаерска победи партијата на Курц

На покраинските избори во австриската покраина Штаерска, што се одржаа вчера, први во периодот на корона-кризата, победи Народната партија на Австрија (ОВП) на канцеларот Себастијан Курц, втора е Социјалдемократската партија (СПО), додека Слободарската партија (ФПО) доживеа дебакл.

На изборите излегоа 62,6 отсто од гласачите, околу десет проценти помалку отколку во 2015 година, од кои 47,2 отсто и дадоа доверба на ОВП.

На второ место е СПО, која освои 31,9 проценти од гласовите, ФПО освои 8,2 проценти од гласовите, а четврта сила во покраината е Партијата на зелените, на која и веруваат 4,7 проценти од Штаерците.

ОВП победи во сите 285 општини во Штаерска, а во некои општини, како Маријацел, успеа да ја „преземе“ власта од СПО, како и, што важи за сензација, во железничкиот град Селктал.
Исто така, во Ајзенерц, каде СПО отсекогаш владеела и каде Комунистичката партија (КПО) отсекогаш имала добар резултат, ОВП успеа да ја преземе власта.