Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 26 Палестинци се ранети од израелски оган за време на масовни протести во близина на оградата што ги одвојува појасот Газа и Израел.
Илјадници демонстранти се собраа на брегот долж граничната ограда кои протестираа против египетските и израелски блокади.
Изралската армија соопшти дека демонстрантите палеле автомобилски гуми и фрлале камења и експлозив кон војниците, кои возвратиле со солзавец и боева муниција.
Хамас од 2007 година е на власт во појасот Газа и предводи протестио од март на кои бараат да се укине блокадата што ја парализира економијата на таа територија. Од почетокот на протестите досега загинаа 131 Палестинец.