На рускиот претседател Владимир Путин му е одземен почесниот црн појас во таеквондо поради нападот на Украина, објави Светската таекводндо федерација.
Таеквондо федерацијата со седиште во Сеул, се повикува на своето мото „Мирот е подрагоцен од триумфот“, и ја осудува воената акција во Украина. Се наведува дека „бруталниот напад на невини животи“ претставува нарушување на спортските вредности на почит и толеранција.
-Согласно ова, Светската таеквондо федерација одлучи да му го одземе почесниот црн појас 9 дан кој на господинот Владимир Путин му е доделен во ноевмри 2013 година, стои во соопштението на управниот одбор на федерацијата.
World Taekwondo strongly condemns the brutal attacks on innocent lives in Ukraine, which go against the World Taekwondo vision of “Peace is More Precious than Triumph” and the World Taekwondo values of respect and tolerance.#PeaceIsMorePreciousThanTriumphhttps://t.co/nVTdxDdl2I
— World Taekwondo (@worldtaekwondo) February 28, 2022