Началникот на Здружениот генералштаб на американската армија, генерал Марк Мили, смета дека САД треба да размислат за формирање дополнителни воени бази во Источна Европа како заштита од руска агресија.
Тој појасни дека САД треба да ротираат сили во тие бази, наместо нивно трајно стационирање.
Мили во обраќањето пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, рече дека базите би биле финансирани од други земји, како што се Полска и балтичките земји, кои бараат распоредување дополнителни американски сили во регионот.
Секретарот за одбрана, Лојд Остин, вели дека плановите за „зајакнување на безбедноста“ во Источна Европа „се уште се во тек“ и најверојатно ќе бидат разгледани на самитот на НАТО во јуни.