Најмалку 21 момче починало од почетокот на ноември во Јужноафриканската република за време на ритуалното обрежување.
И покрај тоа што јужноафриканските власти веќе подолго време се борат против незаконската иницијација, сепак бројот на ваквите традиционални ритуали е во пораст.
Организациите за заштита на човековите права сметаат дека властите не прават доволно за да се забранат ваквите ритуали, додека властите ги обвинуваат родителите и семејствата на децата.
Полицијата поведе истрага за да се утврди под какви околности загинале момчињата на тинејџерска возраст.
Официјалните податоци покажуваат дека во ЈАР во последните неколку години им биле отсечени половите органи на над 1.000 момчиња.