недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 40 црни делфини угинати при насукување во Шкотска

Над 40 црни делфини угинати при насукување во Шкотска

Повеќе од 50 црни делфини се најдени насукани на плажа на островот Луис во Шкотска, од кои само 10 се живи. Британската Служба за спасување морски животни (БДМЛР) соопшти дека од утрово тамошните лекари им пружаат прва помош на преживеаните делфини, а стручњаците од околните области подготвуваат материјали и превоз до островот.

Службата на Обединетото Кралство примила повеќе од 3.000 повици за насукани морски животни на бреговите на Островот лани, од коишто повеќето биле единки од видот „морски свињи“ (Phocoenidae), но обемот на денешниот случај е невообичаен.

Последен пат во сличен случај во Шкотска биле насукани 70 долги црни делфини, во јули 2011 година во Сатерленд, од кои 19 угинале. Црните делфини се меѓу подвидовите што се најчувствителни на насукување.