Повеќе од една третина од угостителскиот сектор во Велика Британија е под ризик од затворање во почетокот на наредната година, поради зголемените цени на енергенсите и падот на потрошувачката во секторот, покажа истражување објавено денеска.
Анкетата, спроведена од британското здружение на угостители, покажа дека 35 отсто од испитаниците очекуваат да работат со загуба или без заработка до крајот на годината.
Според истражувањето, 85 проценти од анкетираните угостители сметаат дека ситуацијата во секторот ќе се влошува.
Граѓаните на Велика Британија ја намалија нивната потрошувачка поради инфлацијата што достигна 10 отсто и очекувањата за влошување на економската криза годината што следува.
Во угостителство во Велика Британија работат 10 отсто од сите вработени, тоа сочинува шест проценти од вкупниот бизнис и пет од БДП, покажаа податоците на здружението на угостители.