Во Лос Анџелес и Њујорр доцна вечерва ќе биде одржана онлајн церемонија за 78. доделување „Златен Глобус“, американски награди за филмови и телевизија.
Холивудското здружение на странски новинари (ХФПА), кое ја доделува наградата, објави дека церемонијата ќе биде организирана од двата брега на Соединетите држави за прв пат.
Актерката Тина Феј ќе биде домаќин на церемонијата во живо од Њујорк, а Ејми Полер од хотелот „Хилтон“ во Лос Анџелес. Номинираните се очекува да се појават од локации ширум светот.
„Mank“ на Дејвид Финчер доби најмногу номинации, вкупно шест. Следува филмот „The Trial of the Chicago 7“ со пет номинации, што, како i „Манк“, е филм во продукција на платформата Нетфликс.
Златниот глобус е обично индикатор за тоа кои филмови ќе бидат наградени со престижниот Оскар, кој секогаш се доделува по церемонијата на Златен глобус.
Поради епидемијата на коронавирус, церемониите на доделувањето се одложени. Така, следните, 93. Оскари – наградата на Американската академија за филмска уметност и наука, ќе се одржи на 25 април.
Церемонијата ќе се пренесува во живо вечерва од американската телевизиска мрежа NBC (NBC), со почеток во 20 часот по локално време.