понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најавена средба Лавров-Помпео

Најавена средба Лавров-Помпео

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска најави дека ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, по одржувањето на средбата меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, закажана за 16 јули во Хелсинки.

Според Лавров, неговата средба со Помпео е поместена за по Самитот Русија-САД, поради пренатрупаниот распоред на шефот на американската дипломатија.

Лавров нагласи дека Москва очекува на оваа средба да се водат отворени разговори за сите проблеми што ги оптоваруваат односите меѓу Русија и САД.

МИА