Најдени се телата на тројца од шестмината патници во хидроавионот кој денеска падна во реката Хоксбери, северно од Сиднеј, јави националната телевизија Еј Би Си.
Австралиските полицајци нуркачи ја продолжуваат потрагата по останатите тројца.
Спасувачките бродови пристигнаа на местото на несреќата во заливот Ерусалим, 40 километри северно од најголемиот град на Австралија, каде што се забележани остатоци од авионот и истурено гориво на површината на водата.
хидроавион несреќаАвионот е сопственост на фирмата „Сиднеј Сиплеинс“, чиј директор Аарон Шоу изјави за Еј Би Си дека на бродот имало еден пилот и петмина патници.
Австралиската агенција за транспортна безбедност соопшти дека започнува истрага за несреќата и повика доколку има сведоци да се јават пред властите за сведочење.
Водените летови од пристаништето во Сиднеј до егзотичните ресторани крај реката Хоксбери се популарни меѓу туристите и имаат 80-годишна традиција.