четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НАЈГОЛЕМАТА КРИПТО БЕРЗА ВО СВЕТОТ КУПУВА УДЕЛ ВО ФОРБС ЗА 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ – прва крипто инвестиција во медиуми

НАЈГОЛЕМАТА КРИПТО БЕРЗА ВО СВЕТОТ КУПУВА УДЕЛ ВО ФОРБС ЗА 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ – прва крипто инвестиција во медиуми

Најголемата светска берза за криптовалути Бајненс планира стратешка инвестиција од 200 милиони долари во Форбс, издавачка компанија и списание со традиција од 104 години, објави американската телевизија CNBC.

Средствата ќе му помогнат на Форбс да го спроведе планираното излегување на берзата во првиот квартал преку спојување со компанија со посебна намена за аквизиции, или SPAC, која кортира на пазарот, изјавија за американските медиуми извори запознаени со договорот.

Бајненс ќе преземе од институционалните инвеститори половина од обврските од 400 милиони долари, најавени од Форбс во август, рекоа извори на CNBC, кои не сакаа да бидат именувани пред да биде објавена трансакцијата.

Тоа Бајненс ќе го направи еден од двајцата најголеми сопственици на Форбс, а оваа издавачка куќа ќе котира на Њујоршката берза под симболот Форбс. Крипто компанијата ќе добие и две места во деветчлениот одбор на директори на Форбс.

Овој потег укажува на растечкото влијание на крипто секторот во реалниот свет, кој бележи раст на вредноста и создава нова класа на милијардери, поради глобалниот интерес за дигитални средства. Ова е прва голема инвестиција на една крипто компанија во традиционален медиум во Соединетите Држави.

Форбс пред еден век беше основан од дедото на главниот уредник и двократен претседателски кандидат, Стив Форбс.

Во 2014 година, издавачката куќа продаде 95 отсто од акциите во „Integrated Vale Media“, со седиште во Хонг Конг, за 475 милиони долари.

Форбс е познат по годишното рангирање на најбогатите деловни луѓе во светот.