Најмалку 10 луѓе загинаа, а голем број се повредени кога се урна трибина на стадион во Гондар, каде се одржувала верска прослава на православните христијани во Етиопија.
Во Гондар се собраа околу еден милион луѓе на верската прослава наречена Тимкат
УНЕСКО минатиот месец прославата Тимкат ја стави на листата на светско културно наследство. Тимкат секоја година привлекува голем број луѓе од Етиопија, но и од светот.