петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 10 загинати, и повеќе десетици повредени во двата бомбашки напади во Филипини

Најмалку 10 загинати, и повеќе десетици повредени во двата бомбашки напади во Филипини

Најмалку десет лица се убиени, а повеќе десетици се повредени во двојниот бомбашки напад, што денеска се случи во јужниот дел на Филипините, во исламистичкото упориште Сулу, во кои учестуваше и жена самоубиец.

Нападот се случи во градот Холо, во мнозински муслиманската покраина Сулу, во која владините армиски сили долго време се борат со исламистичката бунтовничка група Абу Сајаф.

-Во првата експлозија на импровизирана бомба, поставена на моторцикл паркиран пред трговски центар, загинаа петмина војници и четворица цивили, соопшти потполковник Корлето Винлуан.

Набрзо на истата улица, која филипинската полиција ја опколи, се случи уште една експлозија, а самоубиствениот напад го изведе жена, при што почина уште едно лице, а повредени се шест припадници на филипинските безбедносни сили.