вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 12 повредени војници во Ерусалим во напад со автомобил

Најмалку 12 повредени војници во Ерусалим во напад со автомобил

Најмалку 12 војници се повредени, меѓу кои еден сериозно, во напад со автомобили во Ерусалим рано утрото, соопштија полицијата и медицински лица.

Инцидентот се случи околу 2 часот по полноќ по локално време во Ерусалим, во близина на популарен центар за забава. Полицијата соопшти дека го застрелала возачот на возилото кој претходно побегнал од местото на нападот.

Портпаролот Хидаи Зилберман рече дека трупите биле припадници на бригадата Голани кои биле во тој дел од градот рано утрото поради церемонија на положување заклетва. Спооред него, најверојатно се работи за терористички напад.

Медицински лица изјавија дека еден од повредените „е во сериозна состојба“