сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 12 загинати во обилните монсунски дождови во Индија

Најмалку 12 загинати во обилните монсунски дождови во Индија

Најмалку 12 лица загинаа во северна Индија во особено обилните монсунски дождови, откако врнежите предизвикаа уривање на нивните куќи или беа однесени од поплавите, јави индискиот телевизиски канал НДТВ.

Во главниот град Њу Делхи за еден ден е забележан повеќе дожд отколку во кое било време во последните 40 години – вкупно 15,3 сантиметри.

Индиската метеоролошка служба предвидува нови пороен дожд за наредните денови. Жителите треба да се справат и со поплавените патишта, сообраќајниот метеж и прекините во снабдувањето со електрична енергија.