Се претпоставува дека најмалку 120 луѓе знаеле за наводните планови на движењето Граѓани на Рајхот за насилно соборување на германската Влада, јави германската новинска агенција ДПА.
Дваесет и пет осомничени беа уапсени во полициска рација ширум Германија на 7 декември поврзани со заговорот.
-За време на претресите, пронајдени се меѓу 120 и 130 изјави во кои луѓето се заколнале на тајност под закана од казна, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер на состанокот на парламентарната комисија за внатрешни работи.
На состанокот се разговарало и за тоа како да се процени колку е опасна групата, чии членови, според безбедносните служби, се вооружени и подготвени да преземат насилни дејствија.
Фесер кон крајот на минатата недела ги објави плановите да ги заостри законите за оружје и да го олесни отпуштање на владини претставници со антивладини убедувања. (МИА)