среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 13 загинати, а повеќе од 60 се повредени во бомбашките напади во Кабул

Најмалку 13 загинати, а повеќе од 60 се повредени во бомбашките напади во Кабул

Најмалку 13 луѓе загинаа, а над 60 се повредени во двата бомбашки напади кои попладнево се случија на влезот во аеродромот во Кабул.

Како што јавуваат западните медиуми, најмалку две експлозии одекаа на аеродромот каде илјадници луѓе чекаат евакуација. Меѓу жртвите има и цивили, но и воен персонал од Соединетите Американски Држави. Властите засега не соопштуваат официјални бројки на загинатите. Според извештаите на медиумите, властите се сомневаат дека зад нападите стојат припадници на ИСИС.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби рече дека експлозиите се случила на два различни влеза во аеродромот. Американски претставници сметаат дека најмалку една експлозија била предизвикана од самоубиствен бомбашки напад. Русија соопшти дека биле изведени два самоубиствени напади и дека најмалку 13 луѓе загинале.