четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 14 загинати во судирите меѓу владините сили и опозицијата во Никарагва

Најмалку 14 загинати во судирите меѓу владините сили и опозицијата во Никарагва

Најмалку 14 лица загинаа синоќа во југозападниот дел на Никарагва при судир меѓу владините сили и противниците на претседателот Даниел Ортега, информираат невладини организации за човекови права.

Полицијата изврши операции во градовите Дириамба и Хинотепе, за да ги отстрани барикадите поставени од опозицијата.

– Има најмалку 14 загинати, но може да се и повеќе. Меѓу загинатите има еден специјалец, еден паравоен и двајца полицајци, рече Вилма Нунез, претседателка на Никарагванскиот центар за човекови права. 

МИА