Повеќе од 4.620.000 луѓе на еден или друг начин беа погодени од налетот на тропската бура „Налге“ низ Филипините, јави ТАСС, повикувајќи се на денеска објавениот извештај на филипинските власти.
Во извештајот се наведува дека во невремето загинале 156 лица, а 141 се повредени. Вкупно 37 се водат за исчезнати.
Над еден милион луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и моментално се наоѓаат во 954 центри за евакуација.
Невремето оштети 31.500 станбени згради, а уништи 3.100. Штетата на 722 инфраструктурни објекти е проценета на 73.880.000 американски долари.
Оштетени се 508 патишта и 120 мостови. Проблеми со електричната мрежа има во 359 градови.
Бурата „Налге“ минатата недела погоди делови од Филипините, а најголем дел од штетите и жртвите се забележани во автономната област „Бангаморо“.