Најмалку 16 лица загинаа, а 24 се повредени при експлозија во медреса во Ајбак, северен Авганистан.
Според лекарски извори, жртвите на нападот се „деца и обични луѓе“.
Во Авганистан од август минатата година, кога талибанците ја презедоа власта регистрирани се десетици експлозии и напади врз цивили, за кои одговорност презеде огранокот на Исламска држава. (МИА)