Најмалку 18 лица загинаа во одроните и поплавите по обилните дождови во Руанда, соопшти денеска Владата на таа земја.
Во престолнината Кигали загинаа осум лица, а десетици куќи се уништени.
Министерството за вонредни ситуации се уште го проценува обемот на штетата.