петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 20 загинати при експлозија пред стадион во Авганистан

Најмалку 20 загинати при експлозија пред стадион во Авганистан

Најмалку 20 лица загинаа, а 55 други се ранети денеска при експлозија на автомобил бомба пред стадион во градот Лашкар Га во авганистанската покраина Хелманд.

Претставникот на локалната здравствана служба Амунулах Абед соопшти дека бомбашкиот напад бил извршен во момент кога голем број лица го напуштале стадионот, каде присуствувале на прослава по повод авганистанската Нова година.

Засега никој не презеде одговорност за нападот, но за слични терористички акти во изминатиов период одговорност по правило преземаа талибанците или џихадистичката група Исламска држава (ИД).