Најмалку 23 лица се убиени утринава во нападите врз двете воени бази во Сомалија, јави ДПА.
Двајца бомбаши самоубијци нападнаа две армиски позиции во округот Авдегел и селото Бариер, во нестабилната покраина Долна Шабел.
-Напаѓачите на Ал-Шабаб утрово извршија комплексен напад врз две воени бази во покраината Долна Шабел, изјави денеска владиниот портпарол Исмаел Мухтар, пренесе ДПА
Веднаш по бомбашките напади, тешко вооружените бунтовници се обиделе да упаднат во армиските бази. Во размената на оган сомалиските вооружени сили соопштија дека убиле 19 милитанти.
-Ние ги одбивме нападите на терористите кои сакаа да предизвикаат хаос во нашата армија. Загубивме четворица војници, а голем број други се ранети, за ДПА изјави армискиот командант Абдулахи Раге.
Тој додаде дека војниците се уште ги гонат напаѓачите и дополнителни информации за бројот на жртви ќе бидат дадени подоцна.
Локалните жители изјавија дека во престрелката биле ранети и голем број цивили, од заскитани куршуми. (МИА)